БЕКИМ АСАНИ: СИТЕ СМЕ ШОКИРАНИ, ОВА НЕМА ДА ГО ЗАБОРАВИМЕ ЦЕЛ ЖИВОТ

Фото: Принскрин
Фото: Принтскрин

На самиот крај на Парадата на гордоста вчера, која за првпат се одржа во Македонија (оставајќи ја Босна и Херцеговина последна држава во регионот се до септември, кога во Сараево ќе се одржи првата Парада на гордоста) се случил инцидент.

Цел настан се одвиваше без проблеми, а најавуваната силна полициска придружба и не беше толку обемна, бидејќи освен неколку лица кои извикуваа „Уа“ на самиот старт кај почетната точка на маршот, за време на самиот марш немаше никакви инциденти.

Сепак, шест припадници на ЛГБТИ заедницата се нашле во загрозувачка ситуација каде 5 до 6 лица ги нападнале на Кањонот Матка, а кога решиле да заминат за да избегнат проблеми, напаѓачите почнале да ги следат со автомобил „Ауди“ и успеале да им го попречат патот, при што таксито принудно запрело. Лицето А.Ј. (30) излегол од автомобилот и почнал прво со вербален, а потоа и со насилен напад кон лицето Беким Асани кое припаѓа на ЛГБТИ заедницата.

Од Субверзивниот фронт (здружение за критички пристап кон родот и сексуалноста од Скопје) информираат дека вчера ги контактирале нападнатите и ги посетиле во полициската станица, а од МВР влат дека се работи на расчистување на случајот.

Што конкретно се случило, објаснува самиот Беким кој преку статус на својот Фејсбук профил го објаснува целиот насилен напад, кој ни полицајците од соседното кафуле не можеле да го спречат:

„Што се случи вчера… Во група од 15 до 20 души еден рече „дали е тој педерот од Тетово”? Откако и некои му потврдија, почна да ни префрлуваат, при што ние заминавме, но 5 од нив не следеа и ми се нафрлаа мене. Едниот ме плукна. Цело време викаа ќе те убиеме, мртов си, а на другарките им викаа вас ќе ве силуваме. Ова траеше едно 300 метри, додека не се качивме во такси. Ние со две такси, една кола не следеше напред една странично. Таа напред два пати ни го пресече патот, па таксистот даде гас повеќе. Но, во Сарај имаше гужва. По трет пат ни го пресекоа патот. Едниот излезе од кола, дојде, ја отвори врата од таксито и ми ја искина маичката (маичката не беше од скопје прајд). Ми ги искина и двете гумени алки. Пак се врати и ми удри бокс. За тоа време други се собираа и ни ја опколија колата викајќи педери мрш од тука, ќе умрете. Имавме многу среќа затоа што во кафулете од спротива имало тројца полицајци кои притрчаа. Но и тие беа нападнати од тој што ми удри бокс и од неговиот другар. Фалеа секунди да завршиме многу полошо. Никој од нас немаше ништо, никакви ЛГБТИ обележјa. Oни ме препозна менe. Сите сме шокирани. Се беше како на филм, ова нема да го заборавиме цел живот“,

Принтскрин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот