Нападнати припадници на ЛГБТИ од Албанија

Околу 16:00 часот на Кањон Матка, Б.И. (32), З.Л. (31) и К.Џ.(31) сите од Тирана-Албанија, И.А. (21)и Х.Л.(32) двете од Босна и Херцеговина и А.Б. (36) од Тетово биле пресретнати од група од околу 6-7 лица и навредувани зашто биле припадници на ЛГБТИ заедницата, соопштува МВР.

За да избегнат проблем, се качиле во такси возило и се упатило кон Сарај. По нив тргнало “Ауди“ со кое кога пристигнале во близина на плоштад “Иса Булетини“ во Сарај им бил попречен патот и такси возилото принудно запрело. Тогаш од “Ауди“ излегол возачот и започнал да го навредува и да упатува пцовки и закани насочени конкретно кон А.Б. и во еден момент физички го нападнал.

Во меѓувреме на местото на настанот пристигнале УПС и од нивна страна напаѓачот е лишен од слобода. Подоцна е утврдено дека се работи за А.Ј. (30) од Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот