Бекам заедно со „Адидас“ и „Епл“ ја победил конкуренцијата, Меси потпишува за Интер Мајами?

Голем број светски медиуми попладнево тврдат дека Меси ја донел својата одлука и кариерата ја продолжува во МЛС лигата во редовите на Интер Мајами кој е во сопственост на Дејвид Бекам.
Информацијата ја објавија најпознатите светски медиуми и новинари, па изгледа дека работата е завршена. Се споменуваше враќање на Меси во Барселона, а од Саудиска Арабија се обидуваше да го доведе Ал Хилал.
Сепак, според последните информации пресудил проектот кој му го претставил Бекам на Аргентинецот, но и животот во САД. Меси веќе има своја куќа на Флорида, а во договорот се вклучил и „Адидас“ кој е заеднички спонзор, помогнал и гигантот „Епл“.
Lionel Messi will join Inter Miami this summer! 🇺🇸
Read more from @GuillemBalague, here 👇#BBCFootball #Messi pic.twitter.com/l0by0nVrdc
— BBC Sport (@BBCSport) June 7, 2023
Исто така Меси наводно добил можност по завршувањето на кариерата да купи фудбалска франшиза во САД по значително пониска цена, таков договор доби токму Бекам кога се одлучи да дојде во американскиот фудбал како играч.
Но, да почекаме да пристигне официјална потврда, тогаш би требало да бидат познати и сите детали од договорот на Аргентинецот.