Бекам остана без возачката дозвола поради мобилниот телефон

EPA

На Дејвид Бекам му е одземена возачката дозвола на шест месеци поради користење на мобилниот телефон при возење.

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Англија се изјасни како виновен пред надлежниот суд и призна дека го користел мобилниот телефон при возење на своето Бентли во ноември минатата година.

Бекам бил фотографиран од случаен минувач како го држи телефонот во текот на возењето во колона која бавно се движела во центарот на Лондон.

За овој прекршок во Англија се добиваат шест казнени поени, но поради тоа што славниот фудбалер веќе имал шест негативни поени поради пребрзо возење, досудено му е одземање на возачката дозвола на шест месеци. Изречена му е и парична казна од 750 фунти.

Окружната судијка, Кетрин Мур на крајот од процесот му кажала на оптужениот дека разбира дека гужвата во сообраќајот е голема и дека разбира дека возел во колона која бавно се движела, но според законот „не постои изговор“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот