Бегова: Кривично дело не сторил само таксистот, туку и Богоевски

Во врска со случајот со пратеникот Павле Богоевски, во кој беше објавена нелегална снимка од телефонски разговор од кој се слуша како Богоевски нелегално договара набавка на масло од канабис, адвокатката Анита Бегова вели дека има неколку прашања од кривично-правен аспект што треба да се одговорат.

– Прво треба да се одговори дали Богоевски, покрај таксистот кој нелегано го снимал, го пријавил и лицето од кое нелегално набавувал масло од канабис. Второ, ако навистина имало потреба за некоја пријателка да се набави нелегална супстанца, зошто тоа не го направил некој од нејзиното семејство. Прашање е и зошто пратеникот законот го крши на толку лефтерен начин и набавката си дозволува да ја договара во такси. Нејасно е и што точно значи тоа „пола“. Кога се во прашање нелегални супстанци обично се однесува на пола доза од нешто. Исто така, прашање е и зошто пратеникот кој крева рака за носење на закони во Собранието, толку лесно се решава да ги прекрши – вели Бегова.

Таа додава и дека за да се расчистат дилемите во јавноста, можеби е добро Богоевски да се реши да направи нарко-тест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот