Бед Бани по настапот на Супербоул ги избриша сите објави на Инстаграм
По еден од најголемите настапи во својата кариера, порториканската музичка ѕвезда Бед Бани ги збуни фановите со неочекуван потег на социјалните мрежи. Набргу по спектакуларниот настап на полувремето на Супербоул, тој ги избриша сите објави од неговиот инстаграм-профил, пренесува „Јаху“.
Препорачано
Bad Bunny has wiped his Instagram following his #SuperBowl halftime show. pic.twitter.com/McpZbitbWj
— Pop Base (@PopBase) February 9, 2026
Иако и понатаму е меѓу најследените профили на оваа платформа со повеќе од 50 милиони следбеници, неговиот профил во моментов е целосно празен – без профилна фотографија и без ниту една објава. Единствено активна остана врската до неговите проекти, што дополнително ги поттикна шпекулациите за неговиот следен чекор. Што точно подготвува Бенито Антонио Мартинес Окасио, како што му е вистинското име, засега останува мистерија.
Бед Бани претходно најави дека ќе направи „целиот свет да танцува“ – ветување кое го исполни на сцената на Супербоул, настапувајќи пред повеќе од 100 милиони гледачи заедно со Лејди Гага и Рики Мартин, изведувајќи микс од своите најпознати хитови.
Настапот беше силно инспириран од латиноамериканската култура, со посебен акцент на неговото родно Порторико. Сценографијата го претвори просторот во автентичен порторикански „vecindad“, со берберница, локална „bodega“ и препознатливата „casita“ – мала куќа слична на онаа од неговата резиденција „No Me Quiero Ir de Aquí“ во Порторико, каде што претходно ги пречекуваше славните гости.


