Бебето починало од што не му биле развиени белите дробови, тврди ГАК откако го доби обдукцискиот наод
По случајот поврзан со смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство оттаму ја информираат јавноста дека на клиниката е пристинат патохистолошкиот наод од обдукцијата на новороденчето.
Препорачано
Во наодот е констатирано дека дека нема физичка повреда на било кој од органите односно дека ,,по отворањето на градната и абдоминалната празнина, васкуларните органи се со уреден анатомски статус и морфологија“.
Како причина за смртта кај новороденчето се наведува респираторна инсуфициенција на респираторниот стрес синдром односно незрелост на белодробието. По добивањето на резултатот од страна на клиниката семејството е уредно повикано со цел лично да бидат информирани за сите деталите од наодот. За понатамошниот тек на случајот Министерството за здравство формираше стручна комисија со цел целосно расчистување на случајот и лоцирање на евентуални неправиности во лекувањето на новороденото, велат од ГАК.
Согласно заклучокот, клиниката уверува дека ќе постапи по сите правни процедури пропишани за евентуално поведување на дисциплинска постапка во рамките на дозволениот временски рок.
Како установа изразуваме длабока жалост, а воедно сочувствуваме со болката и загубата на семејството.
Вработените на ГАК секојдневно се борат за животите на многу деца, но за жал се случуваат и загуби кои ги доживуваме не само како професионалена, туку и емотивна загуба, се наведува во соопштението.


