Баскет Кам второпласиран на премиерниот турнир во Балканската лига

фото: kfsm.mk

Кошаркарките на Баскет Кам не успеаја да стигнат до првото место на премиерниот турнир од новоформираната женска Балканска лига. Домаќинот Леотар славеше во финалниот натпревар со минимални (83:81), со тројка реализирана на четири секунди пред крајот преку Кузмановиќ.

Претходно двете екипи се менуваа во водството, и ниту една од нив не направи некоја посериозна предност. Барем не во првото полувреме, кое сепак го доби Леотар со (43:39). Нашиот претставник доминираше во третиот квартал, во кој конечно успеа да се одвои, и да поведе со 62:57.

Но, тоа се покажа како недоволно за конечна победа, затоа што екипата од Требиње имаше подобар финиш, во кој и со малку среќа, потребна за вакви натпревари, стигна до триумфот.

Адамовска беше прв стрелец на овој меч кај македонскиот првак, и освојувач на Суперкупот, даде 24 поени, ја следеше Димова со 21. Пред да ја заработи петтата лична грешка, Кметовска запиша 15 поени.

Претходно Баскет Кам во првиот полуфинален меч со 91:76 го совлада Херцег Нови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот