фото: EPA-EFE/Alejandro García

Барселона му забранила на Левандовски да постигнува голови

Роберт Левандовски, еден од најдобрите голгетери на сите времиња, откри дека на крајот од сезоната 2022/2023 Барселона му наредила да не постигнува повеќе голови, а причината лежи во клубската финансиска ситуација.

Според биографијата на полскиот напаѓач, напишана од Себастијан Стазевски, Барселона се со цел да избегне плаќање на бонус од 2.5 милиони евра на Баерн Минхен му „забранила“ на полскиот напаѓач да си ја врши својата работа.

Овој бонус бил предвиден во договорот на Левандовски, доколку постигне 25 или повеќе голови во сезоната. Кога Левандовски стигнал до бројката од 23 гола, клубот му наредил да не постигнува повеќе голови, бидејќи финансиската криза во Барселона била сериозна.

Во актуелната сезона, Левандовски има седум голови на девет одиграни натпревари, и покрај тоа што има 37 години.

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот