Барса е на чекор до елиминација од ЛШ, постои невозможно сценарио да остане во игра

Барселона пред рана елиминација од ЛШ/фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Пред една недела Интер славеше со 1:0, па со синоќешното реми 3:3 дојде на чекор до осминафиналето во Лигата на шампионите, а за тоа му е потребна победа над Викторија Плзен во следното коло на домашен терен.

Барселона од друга страна е на чекор до елиминација од ЛШ и има само едно, речиси невозможно сценарио Каталонците да останат во игра за првите две места во групата.

Натпреварите од петтото претпоследно коло се закажани за 26 октомври, а Интер ќе игра порано, од 18.45 часот, а доколку ги победи Чесите на „Меаца“, Барса автоматски ќе биде во Лига Европа, па натпреварот од 21:00 часот со Баерн Минхен истиот ден би бил од „пријателски“ карактер.

Ова е веројатно најголемиот удар за Барса, многу потежок од ланската елиминација кога Чави дојде пред петтото коло и дуелот со Бенфика, кој исто така мораше да го добие и да се надева на чудо подоцна, што не се случи.

На Каталонците сега им треба уште поголемо чудо, за Плзен како еден од најлошите тимови во ЛШ да му одземе бод на Интер како гостин. Практично, Барса би можела да ја заврши европската одисеја на крајот на октомври. Каталонците немаа среќа против Баерн во Минхен, пред една недела во Милано не добија чист пенал во судиското надополнување.

Но, тоа ќе го заборават сите освен навивачите на Барселона, кои тешко ќе преживеат уште една тажна сезона во Европа, а ги има многу од последниот пехар во 2015 година во Берлин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот