Барние: Без измени во имиграциската политика на ЕУ, ќе има нови Брегзити

Мишел Барние/Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Поранешниот преговарач на ЕУ ​​за Брегзит, Мишел Барние, кој се кандидира за претседател на Франција, предупреди дека други земји ќе го следат примерот на Велика Британија и ќе ја напуштат Европската унија доколку не се сменат правилата за имиграција.

– Оние што сметаат дека Брегзит е зад нас, дека преговорите се одвиваа добро и дека можеме да се вратиме на работа како и обично, прават многу сериозна грешка. Ако ништо не се промени, ќе има други Брегзити, истакна поранешниот еврокомесар за францускиот неделник „Ле Поинт”.

Барние, со претседателска номинација од десничарската Републиканска партија пред изборите во април, предизвика изненадување минатата недела, барајќи од Франција да се ослободи од надзорот на европските судови. На настанот на Републиканската партија минатиот четврток, тој го повтори својот повик за мораториум на имиграцијата во Франција и вети нови правила кои ќе им отежнат на луѓето трајно да се населат во земјата.

– Не можеме да го направиме сето тоа, без да ја вратиме независноста на судството, додаде Барние.

Тој им одговори на критичарите, кои го обвинија за предавство на неговата долгогодишна посветеност на моделот на ЕУ, кој бара од земјите да ги почитуваат европските закони, поддржани од Европскиот суд на правдата.

– Бев Европеец пред овие луѓе и ќе бидам и потоа. Не ми требаат лекции за европска посветеност, објасни Барние.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот