„Barbie“ руши рекорди: Заработи 155 милиони долари, двојно повеќе од 80-те милиони на „Oppenheimer“

"Barbieheimer" - Фото: - / Newscom / Profimedia

Новиот филм „Barbie“ донесе околу 155 милиони долари во американските и канадските кина во текот на викендот, поставувајќи рекорд за најголема заработка во 2023 година, објави вчера дистрибутерот „Ворнер Брос“ (Warner Bros).

Филмот на режисерот Кристофер Нолан „Oppenheimer“ за создавањето на атомската бомба заработи 80,5 милиони долари во кино битката наречена „Барбинхајмер“ (Barbenheimer).

Резултатите им овозможија на кината да преживеат разочарувачко лето. Продажбата на билети е пониска од минатогодишната и покрај повеќе филмови во кината.

„Barbie“, со Маргот Роби во главната улога, е поглед на режисерката Грета Гервиг за иконската кукла што дебитираше пред 60 години.

Во филмот „Oppenheimer“ Силијан Марфи го игра американскиот научник Џ. Роберт Опенхајмер, човекот кој ја разви атомската бомба. Филмот доби одлични критики и се очекува да биде претендент во претстојната трка за Оскар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот