Балотели: Во светот има милијарди проблеми, а вие се занимавате со мојот инцидент
Италијанскиот фудбалер на Адана Демирспор, Марио Балотели зборуваше за несреќата што ја имаше пред две вечери во Бреша.
Препорачано
„Аудито“ кое го управуваше фудбалерот е уништено откако тој удри во бетонски ѕид.
Балотели забележа дека ваквиот инцидент веднаш го привлече вниманието кај светските медиуми, на што Италијанецот имаше коментар:
– Само што го удрив автомобилот и отидов дома со друг. Мислев дека е старомодно да се прави врева за вакво нешто. Можам да разберам доколку некој е вмешан или некој е повреден, но само го оштетив автомобилот и отидов дома со друго возило.
Во светот има милијарда проблеми, но единствениот проблем што го гледам во весниците е мојата несреќа. Овој проблем ќе се случеше доколку немав осигурување, но за среќа имам. Наместо да зборуваат за сериозни работи, тие зборуваат за мојата несреќа, тоа е неверојатно – изјави Балотели, цитиран од TMW и повикувајќи се на „Дилингер Њуз“.
Фудбалерот оваа сезона има постигнато три голови во пет натпревари за Адана Демирспор. Тој се врати во турскиот клуб во септември.


