Балканскиот шампион во борење, Георгиев: Да се верува во себе, со макотрпна работа до успех

Со макотрпна работа и верба во себе може да се успее/Фото: Теодор Георгиев

Мојот најинтересен дел од тренингот е кога правиме слободно увежбување на зафатите – вели македонскиот перспективен борач.

Уште еден доказ дека Македонија поседува боречки бисери кои што треба постепено да се вреднуваат, почитуваат и секако се вложува во нив. Доста таленти излегуваат од нашата земја и уште од млада возраст го покажуваат сиот свој потенцијал веќе и на меѓународната сцена.

Еден од нив е и младиот македонски борач Теодор Георгиев кој блесна на Балканското првенство во Ксанти (Грција) освојувајќи го златниот медал во категоријатата до 110 килограми. А потоа на Медитеранското првенство беше второпласиран, како и втор  во екипен пласман. Инаку Македонија има уште еден балкански првак, Марија Спирковска (-43 кг.) во женска конкуренција.

Кога и како се заинтересиравте да бидете дел од борењето, колку време тренирате?

– Уште од мал мојот вујко Бобан Данов ми е идол и одлучив да тргнам по неговите стапки. Тренирам пет години.

Како изгледа еден ваш обичен ден, како се мотивирате, што е за вас најинтересно на тренинзите?

– Мојот обичен ден се состои од два тренинзи ако не сум на училиште. Едниот е наутро потоа одморам и имам уште еден тренинг поручек. Секогаш сум мотивиран затоа што сакам да покажам што можам и да ги постигнам моите цели. Мојот најинтересен дел од тренингот е кога правиме слободно увежбување на зафатите.

Кои се вашите најголеми успеси, резултати на домашната и меѓународната сцена?

– На домашната сцена имам освојувано многу државни и изборни првенства. На меѓународната сцена најголем резултат ми е златниот медал на Балканското првенство во Ксанти.

Кои се вашите следни активности, нови настапи во понатамошниот период?

– Следниот настап ми е на Македонски бисер во Струмица на 19 ноември.

Дали имате неостварени желби кои би сакале да ги остварите во иднина, со цел за ваши уште поголеми успеси?

– Моја најголема желба е да се квалификувам за Олимписките игри.

Што е потребно кај еден борач, воопшто спортисти за да стигне до врвот, да освои златен медал или биде дел од победничкиот подиум?

– Потребно е да биде секогаш мотивиран за макотрпна работа, да има трпение, да верува во себе дека може да успее.

Теодор Георгиев по стапките на неговиот вујко Бобан Данов/Фото: Теодор Георгиев

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот