„Балкан филм маркет“ во Тирана

Балканска соработка за унапредување на регионалната филмска индустрија

Директорот на Агенцијата за филм Сашко Мицевски учествуваше на „Балкан филм маркет“, значаен регионален настан кој претставува платформа за развој, продукција и дистрибуција на филмски проекти од Балканот.

Настанот, што се одржа од 16 до 20 декември во Тирана, Албанија, ги обединува филмските професионалци, институции и филмски центри од регионот и Европа, со цел зајакнување на меѓусебната соработка, размена на искуства и унапредување на регионалната филмска индустрија.

Во рамки на програмата, заедно со претставници на националните филмски институции од Албанија, Косово и Црна Гора, Мицевски учествуваше во презентација на актуелниот регионален филмски развој, предизвиците и перспективите на филмската сцена во Западен Балкан.

Во рамки на сесијата „Балкан пич“ (Balkan Pitch) на маркетот македонскиот филм „Балада за лонецот и капакот“, во режија на Вардан Тозија и продукција на Ивана Шекуткоска, го доби признанието „Best pitch“, како и финансиска поддршка за копродукција од Албанскиот национален кинематографски центар. Проектот е поддржан од Агенцијата за филм на првиот рок од конкурсот за 2025 година и моментално се наоѓа во фаза на претпродукција.

На настанот се претстави и режисерката Ана Опачиќ, која го презентираше својот иден филмски проект „Трета смена“, исто така поддржан од Агенцијата за филм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот