Балканот во „црвената зона“ на Европа за можни опасности од земјотреси
Нова мапа на сеизмички ризик што деновиве кружи на социјалните мрежи повторно го вклучи алармот и го сврте вниманието кон Балканот регион кој научните модели одамна го вбројуваат меѓу најризичните подрачја во Европа. На визуелизацијата, континентот е поделен во три категории: многу низок (зелена зона), среден-низок (портокалова) и висок ризик (црвена). Балканскиот Полуостров, вклучувајќи ја и Македонија, е прикажан целосно во „црвеното“, објави Вечерњи лист.
Препорачано
View this post on Instagram
Мапата брзо се прошири онлајн, создавајќи нов бран на интерес и загриженост кај јавноста. Но, согласно со експертите, ова не претставува изненадување: податоците се совпаѓаат со веќе воспоставените европски научни модели кои ја следат сеизмичката активност на континентот.
Балканот зона со висока сеизмичка активност
На прикажаната карта целиот Балкан, Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија и Грција е позициониран во зоната на најголема сеизмичка опасност. Високата активност на раседи, густата урбанизација и старата градбена инфраструктура дополнително го зголемуваат ризикот.
Од друга страна, Западна и Северна Европа, Ирска, Велика Британија, Скандинавија, балтичките држави и Полска се прикажани како речиси целосно безбедни, со темно зелена боја. Шпанија, Португалија, Франција, Австрија, Унгарија се во портокаловата зона или се означени како област со среден ризик, иако одредени делови се претвораат во црвена, што е речиси целосно означено, како и Италија.
Авторите на картата забележуваат дека некои региони може да бидат неправилно обоени поради неправилни форми на раседите и дека некои стари, неактивни тектонски линии дури и не се прикажани, што е дополнителна причина да се биде претпазлив при толкувањето на податоците.
Какви се последиците за регионот?
Согласно европските процени, најризичните области остануваат Турција, Грција, Албанија, Романија и Италија, а веднаш зад нив се балканските држави. Урбаните средини со постари градби се најподложни на потенцијална материјална штета.
Стручните институции препорачуваат: модернизација на постојната инфраструктура, унапредување на градежните стандарди, ажурирани локални и национални протоколи за брза интервенција и подобрување на јавната информираност и подготовка.
Иако мапите што кружат на Интернет често создаваат драматична перцепција, научните податоци потврдуваат дека загриженоста е реална но управлива преку соодветни политики, инвестиции и планска подготовка.


