Бајковити венчавки што ја одбележаа 2025 година: Од свадбата на Безос во Венеција до Селена Гомез и Бени Бланко во Калифорнија
И покрај трагичните вести и бројните предизвици со кои 2025 година не нè поштеди, љубовта и оваа година успеа да ги прослави своите најубави моменти. Многу познати парови од светот на политиката, шоу-бизнисот и спортот го изговорија судбоносното „да“, од Џеф Безос и Лорен Санчез во раскошна Венеција, до Селена Гомез и Бени Бланко на гламурозна локација во Калифорнија.
Препорачано
Во текот на 2025 година, бројни славни личности приредија вистински бајковити прослави на љубовта, од романтични церемонии во шпански лозја и венецијански палати, до интимни венчавки покрај Јадранското Море. Оваа година доминираа интимните церемонии на романтични локации, иако не недостасуваа ниту спектакуларни, луксузни прослави. Ова се познатите венчавки што ја одбележаа 2025 година:
Стела Бандерас и Алекс Грушински
29-годишната Стела Бандерас, ќерка на славниот актер Антонио Бандерас и Мелани Грифит, се омажи за својот долгогодишен партнер Алекс Грушински на романтична церемонија одржана во Шпанија, во октомври. Венчавката се одржа на идиличниот имот Abadía Retuerta во Ваљадолид, опкружен со лозја кои на целиот настан му дадоа вистинска бајковита атмосфера.
View this post on Instagram
Барбара Матиќ и Филип Ѓиновиќ
Хрватската олимписка победничка и двократна светска шампионка во џудо, сплиќанката Барбара Матиќ, се омажи за српскиот џудист, тренер и меѓународен судија Филип Ѓиновиќ. Парот најпрво организираше интимна венчавка над Каштела, во друштво на семејството и најблиските пријатели, а неколку месеци подоцна прославата ја повторија и во родниот Белград на Ѓиновиќ.
Инаку, Матиќ минатата година ја прекина шестгодишната врска и свршувачка со Франо Вугделија.
Селена Гомез и Бени Бланко
Селена Гомез и Бени Бланко го изговорија судбоносното „да“ кон крајот на септември, на раскошен имот во Калифорнија, опкружени со најблиските пријатели и бројни познати личности. Нивната елегантна венчавка стана вистинска инспирација во светот на свадбите – од софистицираните покани до романтичните фотографии од гламурозната церемонија кои ги освоија обожавателите ширум светот.
На Инстаграм, 33-годишната пејачка и актерка откри многу детали од големиот ден и покажа три спектакуларни модни комбинации. Особено внимание привлече фактот што Селена беше боса за време на првиот танц, создавајќи сцена на чиста романтика.
View this post on Instagram
Патрик Шварценегер и Аби Чемпион
Патрик Шварценегер, син на легендарниот актер и поранешен гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер, се ожени со својата долгогодишна партнерка, манекенката Аби Чемпион.
Парот го изговори судбоносното „да“ на романтична церемонија во ексклузивниот Gozzer Ranch Country Club во Ајдахо, во присуство на бројни познати гости, меѓу кои Роб Лоу, полубратот на Патрик – Џозеф Баена, како и актерот Џејсон Ајзакс. Невестината венчаница беше еден од најкоментираните модни моменти на вечерта.
View this post on Instagram
Мел Би и Рори Мекфи
Во срцето на Лондон, во магичната атмосфера на криптата на величествената катедрала Свети Павле, Мелани „Мел Би“ Браун му го кажа „да“ на својот долгогодишен партнер Рори Мекфи. Поранешната членка на „Спајс грлс“ уште еднаш докажа дека знае како да ја остави јавноста без здив – овој пат како невеста, блескајќи во спектакуларна венчаница која многумина ја прогласија за една од највпечатливите годинава.
Романтичната прослава продолжи во луксузниот хотел Shangri-La во облакодерот The Shard, каде присуствуваа бројни познати имиња – од Ема Бантон до Кара Делевињ. Трите ќерки на Мел Би имаа улога на деверуши, а младоженецот им оддаде почит на своите шкотски корени носејќи традиционален килт во црвено-зелена комбинација. Иако повеќето „Спајс грлс“ беа присутни, Викторија Бекам не дојде на свадбата.
Џеф Безос и Лорен Санчез
Свадбата која со право може да се нарече „венчавка на годината“ беше онаа на Џеф Безос и Лорен Санчез, одржана летово во Венеција.
На раскошната свадба, младенците славеа во друштво на бројни светски ѕвезди и членови на кралски семејства. Меѓу околу 200 гости се најдоа кралицата Ранија од Јордан, принцезата Рајва, Ким Кардашијан, Иванка Трамп и многу други влијателни личности од светскиот бизнис и општествената елита.
Тридневната луксузна прослава во италијанскиот град се проценува на околу 46 милиони долари. За самата церемонија, Лорен блесна во венчаница од модната куќа „Долче и Габана“ (Dolce & Gabbana), инспирирана од легендарниот фустан што Софи Лорен го носеше во филмот „Houseboat“ од 1958 година. Особено емотивен беше говорот на невестата, која му се обрати на сопругот со зборовите: „Ти си мојот дом, моето прибежиште и моето најголемо остварување.“
Џастин Теру и Никол Брајдон Блум
Осум години по разводот од Џенифер Анистон, Џастин Теру повторно стапи во брак – овој пат со актерката Никол Брајдон Блум.
Парот се венча во Мексико, на романтична плажа. Секој детал беше внимателно испланиран, вклучувајќи и емотивен момент кога сестрата на невестата ја изведе песната „Moon River“. Поради ветровито утро, церемонијата беше преместена во заштитена палмова увала. Никол блесна во елегантна и модерна венчаница дизајнирана од Викторија Бекам.
View this post on Instagram
Кристен Стјуарт и Дилан Мајер
Кристен Стјуарт и Дилан Мајер се запознаа во 2013 година, а повторно се зближија во 2019 година по раскинувањето на Кристен со Стела Максвел. Истата година ја објавија врската на Инстаграм, а се свршија во 2021 година. Во април се венчаа во Лос Анџелес, на интимна церемонија по речиси шест години врска.
Игор Којиќ и Софија Дачиќ
Белградскиот фудбалски менаџер Игор Којиќ, син на познатиот српски пејач Драган Којиќ – Кеба и поранешен сопруг на Северина, на почетокот на годината ја изненади јавноста кога во јануари тајно склучи граѓански брак во Нов Белград со 15 години помладата Софија Дачиќ.
Двојката беше прогласена за прв брачен пар на општината Нов Белград во 2025 година, но нивната брачна среќа кратко траеше. По само пет месеци заеднички живот, Игор и Софија одлучија да се разведат, ставајќи крај на бракот кој, и покрај ветувачкиот почеток, заврши многу брзо.


