Бајден: Во понеделник ќе објавиме што ќе правиме со Саудиска Арабија за убиството на Кашоги

Фото: EPA-EFE/KEVIN DIETSCH / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека неговата администрација ќе објави соопштение во врска со Саудиска Арабија во понеделник, по извештајот на американското разузнавање, според кој е утврдено дека престолонаследникот Мухамед бин Салман го одобрил убиството на новинарот Џамал Кашоги.

Како што пренесуваат странските агенции, администрацијата на Бајден се соочи со одредени критики дека претседателот требало да биде поостар кон престолонаследникот, кој не е санкциониран иако е обвинет за одобрување на убиството на Кашоги.

Запрашан за казната на престолонаследникот, владетелот на Саудиска Арабија, Бајден рече: „Во понеделник ќе биде објавено што ќе правиме со Саудиска Арабија”.

Кашоги, кој престојуваше во САД и пишуваше текстови за „Вашингтон пост” во кои ја критикуваше политиката на престолонаследникот, беше убиен во Конзулатот на Кралството во Истанбул во октомври 2018 година. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот