Бајден предупредува на можност за нуклеарна апокалипса

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека руските закани за употреба на нуклеарно оружје во конфликтот во Украина го ставаат светот во ризик од „апокалипса”, за првпат по Кубанската ракетна криза.

„Не сме се соочиле со можност за апокалипса од Кенеди и Кубанската ракетна криза во 1962 година”, рече Бајден на собир во Њујорк.

Тој додаде и оти верува дека неговиот руски колега Владимир Путин „не се шегувал” кога ги упатил заканите. Рускиот претседател Владимир Путин „не се шегува кога зборува за употреба на тактичко нуклеарно оружје, биолошко или хемиско оружје”, рече Бајден.

Тој, исто така, ја оспори руската нуклеарна доктрина, предупредувајќи дека употребата на тактичко оружје со помала моќност може брзо да излезе од контрола и да доведе до глобално уништување. „Мислам дека не е можно да се користи тактичко оружје и да не се случи Армагедон”, истакна Бајден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот