Бајден: Ќе ги затворам САД доколку научниците го препорачаат тоа

Џо Бајден

Според Си-Ен-Ен, Бајден е подготвен да стори „се што е потребно за да се спасат животи, затоа што не можеме да ја рестартираме земјата се додека вирусот не го ставиме под контрола”.

Претседателскиот кандидат на Демократската партија на изборите во ноември во САД, Џо Бајден, изјави дека доколку победи на изборите, ќе биде подготвен повторно да ја „затвори” земјата доколку научниците тоа го препорачаат со цел да се спречи коронавирусот за време на можниот втор бран од пандемијата.

-Ќе ги послушам научниците, рече Бајден во интервјуто за Еј-Би-Си њуз, што го даде заедно со неговиот избор за демократски потпретседател на земјата, сенаторката Камала Харис.

Според Си-Ен-Ен, Бајден е подготвен да стори „се што е потребно за да се спасат животи, затоа што не можеме да ја рестартираме земјата се додека вирусот не го ставиме под контрола”.

Затоа, додаде тој, начинот на кој администрацијата на сегашниот претседател, републиканецот Доналд Трамп, управуваше пандемијата, во основа, е погрешен.

-За да може животот во земјата да тече, економијата да расте, луѓето да можат да бидат вработени, треба да го решиме проблемот со вирусот, подвлече Бајден.

Пандемијата со Ковид-19 во САД досега одзеде повеќе од 175.000 животи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот