Бајден го олеснува добивањето на привремени работни визи: Што значи ова за Македонците?

Американскиот претседател Џо Бајден уште во февруари ги промени законите кои претходно ги имаше донесено Доналд Трамп, каде беше привремено прекинат процесот на издавање визи за странски работници.

Сега визите за странски работници во САД се полесно достапни, но некои работници сеуште не се во можност да заминат во Соединетите Држави, пренесува Си-Ен-Ен. Главната причина поради која работниците сеуште не заминуваат во САД во главно е пандемијата.

Што се всушност визите?

Американската виза е документ за патување, во склоп со пасошите, со која на туристите им гарантира дозвола да влезат во САД за одредена цел, дали тоа би било бизнис посета, фамилијарно патување, привремено работење или размена на студенти.

Но за разлика од пасошите, визите ги издаваат во амбасадите на државите од каде луѓето ќе сакаат да патуваат во САД, постоејќи различни видови на визи во врска со типот на патувањето на луѓето.Неимигрантни визи се наменети за туристи и моментални работници, а мигрантските визи се за индивидуалците кои трајно се преселуваат во САД.

Кои се моменталните правила за добивање на виза во САД?

Белата Куќа оваа пролет не ја обнови административната забрана на Трамп за привремените работни визи. Одлуката го отвори процесот за визите на поширок опсег на работници, од работници во сендвичари до софтверски инженери.

Што ги спречува странските работници од заминување во САД?

Иако под Бајден администрацијата на САД, стреми кон олабавување на строгите законите за странските работници кои владееа за време на ерата на Трамп, сеуште има неколку фактори што ги спречува работниците од заминувањето во САД.

Како што пренесува Си-Ен-Ен, Стејт департментот се соочува со масовни заостанати бројки на дури 2.8 милиони пријави за виза, со близу пола милион апликанти чии документи се квалификувани и се спремни за интервју, но поради големиот застој, вршење на тие интервјуа се тотално невозможни.

Покрај ова, САД се соочува со уште еден проблем. Станува збор за различните правила кои државите ги имаат кога се работи за летовите до земјите низ светот.

САД ги губи своите странски работници и поради тоа што останатите држави нудат подобри услови, подобри плати и се поисплатливи за луѓето.

Многу Македонци ги бираат земјите како Германија, Малта, Хрватска, Австрија, Швајцарија, Англија, како поповолни отколку САД. Проблемите и застојот со визите, одалеченоста, скапите авионски карти, скапите сместувања, повисокиот стандард за живеење и слично се во главно најголемите причините поради кои Македонците заминуваат во Европските земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот