„Бајага и инструктори“ ги раздвижи и разгали срцата на македонската публика (ФОТО+ВИДЕО)

После подолго време ги дочекавме култните „Бајага и инструктори“ во Скопје.

Коцертот на Бајага на стадионот на АРМ, вечерва го раздвижи Скопје. По сите протоколи, стадионот беше поделен на повеќе делови, физички разделени со огради. Тоа сепак не го наруши доброто расположение на гостите кои се забавуваа на познатите Године пролазе, Змај од ночаја… Концертот на Бајага, кој се организира во рамки на Скопје колинг 2020.

Иако стадионот на АРМ, каде што се одржува концертот има капацитет за 15.000 посетители, поради запазување на протоколите поставени поради пандемијата на коронавирусот, во продажба беа пуштени само 4.000 карти.

„Бајага и инструктори“ ги разбудија емоциите на публиката со големите хитови од нивната 35-годишна кариера, придружувани од хор и оркестар, а под диригентската палка на диригентот Војкан Борисављевиќ.

Погледнете дел од атмосферата…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот