Баерн Минхен започна преговори со ѕвезда од Премиер лигата

Фудбалерот на Кристал Палас, Вилфред Заха е решен по секоја цена да си замине од екипата.

Вилфред Заха во последните два преодни рока не успеа да го напушти Кристал Палас иако за неговите услуги сериозен интерес пројавија Челси, Арсенал, ПСЖ, Евертон и Манчестер јунајтед. Поради тоа, Заха се одлучи да го ангажира суперагентот Пини Захави кој треба да му најде клуб најдоцна до летото.

Но, Захави само три дена откако стана агент на Заха, се фати за работа и започна преговори со германскиот шампион Баерн Минхен кој е заинтересиран за трансфер, но на лето.

Баварците се подготвени да платат нешто повеќе од 60 милиони евра за услугите на Заха и се очекува да се постигне договор во наредните недели, бидејќи Кристал Палас не сака да го продаде својот фудбалер на екипа од Премиер лигата.

Изминатото лето, Заха беше пред преселба во Евертон, беа договорени сите детали за трансферот вреден 80 милиони евра, но во последен момент челниците на Кристал Палас побараа 90 милиони евра обесштетување и договорот пропадна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот