Бабин колач

Состојки:

3 јајца

12 лажици шеќер

12 лажици масло за јадење

12 лажици млеко

20 лажици брашно

1 прашок за печиво

1 килограм јаболка

За наросување:

200 грама шеќер во прав

малку цимет

Подготовка:

Во сад изматете ги јајцата и шеќерот. Матете додека не добиете пенеста смеса.

Потоа, во садот додаjте го млекото кое треба да биде ладно, потоа додаjте го и маслото за јадење, ренданите јаболка, брашното и прашокот за печиво. Сите состојки убаво измешајте ги со дрвена лажица.

Вака подготвениот пандишпан за бабината торта, истурете го во претходно подмачкана тава за печење.

Печете ја тортата на температура од 200 степени околу 45 минути.

Испечената торта извадете ја од рерната и почекајте целосно да се излади.

Пред да ја послужите, наросете ја одозгора со шеќер во прав и со малку цимет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот