„Азискиот Ел Чапо“ екстрадиран во Австралија

Це Чи Лоп/ Фото Јутуб принтскрин

Најбараниот азиски наркобос Це Чи Лоп (59) е екстрадиран во Австралија каде му се заканува доживотна казна затвор.

Це, познат како „Ел Чапо од Азија“, е обвинет дека водел трговија со дрога од повеќе милијарди долари во неколку земји, од Јапонија до Нов Зеланд, пишува Би-Би-Си. Се верува дека тој е на чело на организација која доминира на азискиот нелегален пазар на дрога, вреден 70 милијарди долари.

Канадскиoт наркобос беше уапсен од Интерпол на холандски аеродром минатата година. Австралиската полиција објави слики од вооружените полицајци кои со лисици го носат од авионот на аеродромот во Мелбурн. Денеска, Це треба да се појави пред локалниот суд.

Банда азиски наркобосови шверцувале огромни количества метамфетамин, хероин и кетамин во Австралија. Обвиненијата на Австралија против Це се однесуваат на операции од 2012 до 2013 година кога во земјата бил увезен метамфетамин во вредност од 4,4 милиони австралиски долари.

Полицијата пронашла над четири милиони австралиски долари во готовина, 99 дизајнерски чанти и жолто „Ламборџини“ во домот на Це во Мелбурн. Австралиската полиција го лови повеќе од една деценија. Се вели дека повеќето од неговите дроги завршиле во Сиднеј и Мелбурн.

Це бил приведен на аеродромот Шипхол во Амстердам во јануари 2021 година.

Це ги негираше обвиненијата дека е вмешан во трговија со дрога. Тој тврдеше дека неговото апсење го организирале австралиските власти и дека австралиската полиција незаконски организирала негова депортација од Тајван во Канада.

Во апсењето на Це беа вклучени повеќе од 20 агенции. Се вели дека Tse живее во Хонг Конг, Макао и Тајван во последниве години. Тој помина девет години во затвор откако беше уапсен за трговија со дрога во САД во 90-тите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот