ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Азески: Има фирми што се заинтерсирани за кредити од унгарските пари
Се очекува зголемување на инвестициската активност во државата и реализација на капиталните инвестиции без „марифетлаци“, вели Азески. Тој вели и дека фирмите што навреме не добиле поврат на ДДВ , ја имаат поддршката од Комората да ја тужат државата
Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески е оптимист дека Владата ќе го испорача тоа што е договорено со стопанствениците. За почеток, обезбедени се пари од унгарскиот кредит, од кои дел ќе оди за стопанството. Секоја финансиска поддршка, па и преку поволни кредити, Азески ја оценува како позитивна. Притоа, нагласува дека има фирми кои веќе се детектирани со проекти кои би биле интересни за кредитна поддршка. Но, како што изјави во видео-интервјуто за „Слободен печат“, стопанственвото трпи поради доцнењето на државата со поврат на ДДВ, кој законски им следува во рок од 30 дена.
Азески вели дека стопанственицте очекуваат што поскоро Владата да го заземе реформаторскиот курс.
– Владата имаше сериозни временски ограничувања околу профункционирања на новите министерства и тоа ние сериозно го почувствувавме. Потоа фати и летиот период. Секако бизнисот очекува што побргу да се влезе во процесот на реформите. Но, јас кој ги знам работите одвнатре, знам дека тоа што е договорено се подготвува и сметам дека тоа што го договоривме пред изборите нема да доцни. Со Владата договоривме четири работи, прво кредитна линија од Унгарија, второ е буџетот за нередната кој што ќе го гледаме наредниот месец заедно со даночниот календар што го бараме, третотот прашање е Бехтел и Енка, односно вклучување на што поголем број на македонски компании во тој проект во наредните четири години и последно се капиталните инвестиции да се реализираат без пренамени и „марофетлуци“ – рече Азески.
Од кредитот од унгарската Експорт-импорт банка 250 милиони евра се планирани за поддршка на стопанството, а 250 милиони евра за општините.
– Фирмите секогаш имаат потреба од свежи средства. Дел од инвестиционата активност ќе ја поддржат и домашните банки кои на добрите фрирми им даваат кредит со каматна стапка приближна на парите од унгарскиот кредит. Во секој случај сите тие пари, заедно со парите за локална самоуправа ќе значат зголемување на инвестиционата актвност во државата. Внатрешните анкети во Комората покажаа кои фирми би биле заинтересирани да инвестираат. Посебен бенефит би имале од инвестициите во извозните фирми, затоа што една мала замја како нашата, без извоз не може да опстане. Ако немаме додадена вредност, не може да имаме раст на БДП, не може да се враќаат долговите – објасни Азески.
Азески смета дека со доаѓање на големи трговски синџири, пазарот ќе ги регулира односите меѓу производителите и трговците.