Автомобилски гигант го враќа Роналдо на „Олд трафорд“?!

Португалецот шест години го носеше дресот на Манчестер јунајтед/ фото: EPA-EFE/FEDERICO PROIETTI

Португалецот кој го носи дресот на Јувентус може на крајот од сезоната да врати во редовите на Манчестер јунајтед.

Јувентус сезонава под водство на тренерот дебитант, Андреа Пирло не блеска, во последниот натревар „старата дама“ со пресврт (2:1) во градското дерби против Торино во Серија А, а веќе утре ја очекува дуелот против Барселона во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Главниот адут на Јувентус против Барселона која исто така игра очајно во Ла Лига, е Кристијано Роналдо кој сезонава веќе постигна 10 гола, осум во Серија А и два во Лигата на шампионите. Статистиката покажува дека кога Роналдо не е на теренот, Јувентус не знае да победи.

Иако има договор до 2022 година, се почести се шпекулациите дека Јувентус ќе мора да го продаде Португалецот бидејќи има финансиски проблеми предизвикани од пандемијата на коронавирусот. На италијанскиот шампион големи главоболки му задава договорот на Роналдо кој му носи 35 милиони евра годишно.

Затоа не претставуваат изненадување шпекулациите кои доаѓаат од Англија и кои велат дека Манчестер јунајтед е заинтересиран да го врати Кристијано Роналдо на „Олд трафорд“. Португалецот од 2003 до 2009 година настапуваше за Манчестер јунајтед и за тоа време освои три титули во Премиер лигата, два трофеи во Лига купот како и по еден ФА Куп, комјунити шилд, триумфира во Лигата на шампионите и на ФИФА светското клупско првенство.

За да се реализира трансферот на Роналдо, подготвен да помогне е и најголемиот спонзор на „црвените ѓаволи“, автомобилскиот гигант Шевролет. Тие во него не гледаат само како фудбалер туку и како светски бренд кој ќе помогне во промоцијата на нивната гама на автомобили. Доказ за тоа е Јувентус чиј спонзор Џип по доаѓањето на Роналдо ја зголеми вредноста на акциите за 30 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот