Фото: илустрација

Автомобил изгорел рано утрово во Скопско

Автомобил „Хонда“ изгорел рано утрово околу 3 часот во скопското село Батинци, информираат од МВР.

„Денеска (10 ноември) околу 03:22 часот во СВР Скопје било пријавено дека во селото Батинци, на место викано „Дрешница“, е опожарено патничко возило марка „Хонда“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 43-годишниот Н.Р. од село Црн Врв. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени нема“, велат од МВР.

На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје, а полицијата работи на целосно расветлување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот