Австриско знаме / СП. архива

Австрија го затвори небото за воените авиони на Америка

Австрија ги отфрлила сите американски барања за воени прелети преку нејзиниот воздушен простор од почетокот на конфликтите на Блискиот Исток, образложувајќи ја одлуката со својата политика на неутралност, објави „Ројтерс“.

Портпаролот на Министерството за одбрана, Михаел Бауер, изјави дека секое барање за прелет се разгледува поединечно, но кога станува збор за држава вклучена во војна, дозвола не се издава, при што таквите одлуки се носат во координација со Министерството за надворешни работи.

Виена повторно потенцира дека останува доследна на неутралниот статус што го има од 1955 година, иако географски е опкружена со земји-членки на НАТО.

Сличен став зазеде и Швајцарија, која уште во средината на март соопшти дека нема да дозволи нејзиниот воздушен простор да се користи за воени операции, исто така повикувајќи се на неутралноста.

Швајцарија го затвори воздушниот простор за американски авиони поврзани со нападите врз Иран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот