Австралијка украла комбе со десет илјади крофни

Фото: Инстаграм

Жена во Австралија е обвинета за кражба на комбе за испорака спакувано со 10.000 крофни од познатиот бренд Криспи Крим, пренесува Би-Би-Си.

Комбето исчезна од бензинска пумпа во предградие на Сиднеј во раните утрински часови на 29 ноември. Полицијата го нашла возилото напуштено една недела подоцна – заедно со илјадници расипани крофни, на паркинг.

Тие ја уапсија жената (28) во четвртокот. На неа и беше одбиена кауција и се соочува со обвиненија, вклучувајќи кражба на возило.

Снимката од безбедносните камери од инцидентот, наводно, покажуваат како жената се движи околу бензинската околу 04:00 часот по локално време пред да влезе во комбето за испорака без надзор и да замине.

Не е јасно дали знаела дека во комбето имало 10.000 крофни. Криспи Крим го пријави инцидентот во полиција и тогаш ги увери клиентите дека „работи на замена на 10.000 украдени крофни“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот