Австралија опен: Ѓоковиќ се намачи, крај за Вавринка и Квитова!

Фото: EPA-EFE/DAVE HUNT

Првиот светски рекет имаше тежок меч во второто коло на тенискиот грен слем турнир во Мелбурн, во дури пет сета со 3:2 (6:3, 6:7, 7:6, 7:2, 6:3 го совлада Американецот Френсис Тиафо.

После рутинскиот старт овојпат Новак Ѓоковиќ налета на неочекувани проблеми, во дуел кој траеше повеќе од три и пол часа, потроши доста енергија против 64 играч на светот, но на крајот не дозволи изненадување.

Во наредното трето коло српскиот ас ќе ги одмери силите против уште еден натпреварувач од САД, Фриц кој пак со 3:2 го совлада сонародникот Опелка.

Доминик Тим (трет носител) со 3:0 во сетови 6:4, 6:0 и 6:2 немаше проблеми со Кепфер, додека Вавринка доживеа елиминација на дуелот против Фучович кој триумфираше со 3:2. Успешни беа уште Лајовиќ, Шаповалов, Раониќ, Шварцман, Ожер-Алијасим, Мартинез и Каратсев.

Во женска конкуренција настапот го заврши и Квитова која со 2:1 (6:4, 1:6, 6:1) беше поразена од Кирстеа. Мугуруза со 6:3 и 6:1 ја совлада Самсонова, а С. Вилијамс со 6:3 и 6:0 забележа победа против српската натпреварувачка Стојановиќ.

Победи забележаа уште Вондрушова, Ли, Потапова, Сабаленка, Хсије, Дијас, Феро, Жабер, Кудерметова, додека Ерани успеа да ја елиминира Венус Вилијамс препуштајќи ѝ само еден гем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот