Австралија и Филипините со заедничка воена вежба во Јужно Кинеско Море

Фото: EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA OUT

Австралија и Филипини денеска одржаа заеднички воени вежби во Јужно Кинеско Море. На воената вежба присуствуваа и филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Џуниор и австралискиот министер за одбрана Ричард Марлс.

Воената вежба се одржаа на 240 километри источно од Скарборо, гребен кој повеќе од една деценија е под контрола на Кина, а се наоѓа во еден од најбогатите риболовни терени во регионот. Гребенот Скарборо експлоатиран од генерации филипински рибари додека Пекинг не ја презеде контролата во 2012 година. Гребенот е оддалечен 230 километри од Лузон, главниот остров на Филипини.

Околу 1.200 австралиски војници и 560 филипински маринци симулираа амфибиски напад, поддржан од два австралиски борбени авиони Ф-35 и два австралиски воени брода.

Со оглед на тоа што има толку многу случувања кои сведочат за нестабилноста на регионот, овој вид вежба, ваков вид блиска стратешка соработка меѓу земјите во регионот е исклучително важна. Ова е важен аспект за тоа како се подготвуваме за секој можен развој, наведе Маркос Јуниор.

Кина и Тајван тврдат дека имаат суверенитет над речиси целото Јужно Кинеско Море, додека Филипините, Виетнам, Малезија и Брунеи тврдат дека имаат делови од него. Кина не ја признава пресудата на Постојаниот арбитражен суд во Хаг, кој во 2016 година пресуди дека нема „историски права“ на ова стратешко море.

Тоа се први заеднички воени вежби на Австралија и Филипини со комбинација на воздушни, морски и копнени вежби и симулација на повторно заземање на остров под контрола на непријателот.

Вежбата се одржува три недели откако кинеската крајбрежна стража употреби водени топови за да ги спречи филипинските бродови кои го снабдуваат мал гарнизон стациониран на атолот Томас Втори на островите Спратли во Јужното Кинеско Море. На 22 август кинеската крајбрежна стража дозволи да се достават храна и други потребни производи за војниците на Атолот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот