Авион слета на плажа на Флорида

Авион од периодот на Втората светска војна принудно слета во плитките води на фреквентната плажа Кокоа на Флорида, на само неколку метри од пливачите.

Авион од периодот на Втората светска војна принудно слета во плитките води на фреквентната плажа Кокоа на Флорида, на само неколку метри од пливачите.

Откако виделе дека авионот слетува кон нив, оние кои се сончале на плажа веднаш снимале со мобилните, по што видеото заврши на социјалните мрежи.

Авионот што бил принуден да слета во плиткото, како што пренесува „Јутарњи лист”, е едномоторен „ТБМ Авенџер” кој учествувал на аеромитинг во близина на плажата, имал механички дефект во текот на летот, но пилотот успеал да слета и да излезе од него.

„Спасувачките екипи брзо пристигнаа на местото на несреќата, а пилотот не беше повреден”, изјавија организаторите на аеромитингот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот