АВАЈА: Предводникот на коалицијата „Можеме” Заев вети видливи промени за ромската заедница

Лидерот на СДСМ Зоран Заев и предводник на коалицијата Можеме, вети видливи промени за ромската заедница во рамки на централната дискусија за заложбите за подобрување на состојбата на Ромите, организирана од Граѓанското движење на Ромите – АВАЈА во пресрет на парламентарните избори 2020 година.

Од АВАЈА информираат дека упатиле покана за јавно соочување/дискусија со носителите на листи, ромските кандидати/ки, но и со претседателите на двете најголеми политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, на која одговорил лидерот на СДСМ Зоран Заев и предводник на коалицијата Можеме, додека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски поради зафатената агенда не можел да присуствува.

На дискусијата бил претставен документ во кој се манифестираат барањата на ромската заедницата за постигнување видливи промени кај Ромите во наредните четири години, изработен од здружението АВАЈА во периодот декември 2019 – мај 2020 година, преку директни средби и онлајн дијалози со ромската заедница. Главни теми на разговор биле – визија за Ромската заедница во наредните четири години, правичната застапеност, вработување на Ромите во приватниот сектор и инфраструктура и буџет за инвестиции за подобрување на положбата на Ромите.

– Заев укажа дека најголем фокус во наредните четири години ќе се посвети на ромската заедница за да биде на еднакво ниво со останатите заедници. Во делот на заложби за Ромите, истакна дека во однос на правичната застапеност предвидено е Ромите да имаат свои претставници во извршната власт со вклучување на квалитетни ромски кадри. Она што се предвидува е во првите 100 дена, да се подобри застапеноста на Ромите на одлучувачко ниво и на ниво на раководни позиции. Во тој домен се планираат укинување на министрите без ресор, воведување директорати опремени со административна структура да подготват четири годишна агенда за подобрување на животот на Ромите. Воедно, фокус се предвидува на комунално и инфраструктурни проекти, но и на легислатива, особено во делот на донесување на новиот закон за легализација за да може и Ромите да добијат имотен лист. Капитални инвестиции за инфраструктурен развој на ромските населби треба да се зголемат и во самиот буџет да се воведе пондер за зголемена алокација за забрзено инвестирање во Ромските населби, стои во соопштението од АВАЈА.

Овој вид дијалози, стои во соопштението од АЈАВА, има за дел поставување поинаква пракса пред јавноста и пред граѓаните Роми, каде јавно се претставуваат заложбите, програмите и идните планови за ромската заедница, за тие да може да направат информиран избор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот