Аусилио: Јанг и Санчез се наши, Лаутаро може да го купите за 111 милиони евра!

фото: твитер

Екипата на Интер ја активираше опцијата за продолжување на договорот со англискиот интернационалец Ешли Јанг…

Спортскиот директор на „неро-аѕурите“, Пјеро Аусилио, потврди дека е активирана опцијата за продолжување на договорот со Ешли Јанг и воедно клубот има за цел да го задржи Алексис Санчез.

Англискиот интернационалец пристигна во јануари и потпиша шестмесечен договор со опција за уште една година, придружувајќи им се на неговите поранешни соиграчи од Манчестер јунајтед, Санчез и Ромелу Лукаку.

Јанг ќе остане во екипата од „Џузепе Меаца“ и во сезоната 2020-21 и вети дека ќе му даде шанса на Санчез да ја „докаже својата вредност“.

Можам да кажам дека ја активиравме опцијата за Јанг. Наша цел е да ги задржиме сите, вклучително и Алексис Санчез – рече Аусилио за „Скај Спорт Италија“.

Што се однесува до статусот на сегашниот играч на миланскиот клуб, Лаутаро Мартинез, кој годинава скоро секојдневно се поврзува со трансфер во Барселона, Аусилио го предупреди каталонскиот гигант може да го купи напаѓачот за 111 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот