АУДИО Слушнете како „Слободен печат“ си нарача магистерска, овојпат поевтина, за 15.000 денари!

„Слободен печат“ денеска си нарача магистерски труд за 15.000 денари (250 евра), откако вчера за истата услуга ни беа побарани 450 евра. Денеска почнавме да вртиме на некои од телефонските броеви оставени на интернет, а на кои се ветува „професионална изработка“ на магистерски трудови.

Бизнисот цвета, побарувачката е во подем, а „кариерата“ за некои трае и по 10 години.

Шемата со првите со кои разговаравме, оди на следниот начин:

Се склучува договор за „консултантски услуги“ со правното лице после кој се изработува магистерската. „Фирмите“ пронашле начин да го озаконат мамењето во однос на интелектуалниот труд кое што го практикуваат студентите. На мејл им ја испраќате темата и пријавата за магистерската, по што тие ви испраќаат понуда, која, доколку ви е прифатлива, ја дефинирате лично на средба со „консултантот“.

Ѝ признавме на соговорничката дека ни е малку страв дека ќе не фати менторот дека магистерската не е всушност „наша“, но таа не увери во квалитетот на истата на следниот начин:

– Ние склучуваме договор за тоа, бидејќи сме правен субјект го водиме тоа како „консултантски услуги“ во соработка со вас. Пратете ги информациите да разгледаме, потоа ќе ве побараме. Имаме искуство од над 10 години но практикуваме се да објасниме на директна средба.

Едно од лицата, пак, што има повеќегодишно искуство во „кариерата“ пишувач на интелектуални трудови, нѝ рече дека ако сакаме да нарачаме тема, треба авансно да платиме дел од финалната сума која е 15.000 денари, многу помалку од вчерашните 450 евра што ни ги понуди докторантот од областите економија и право.

„Слободен печат“ ги снимаше разговорите со нашите соговорници, но нивниот идентитет нема да го откриеме. На аудио снимката, нивните гласови се изменети технички, за да не дојде до било какво нивно препознавање. Се претставивме како студентката Маја од Филозофскиот факултет во Скопје, отсек историја, која има потреба да ѝ се изработи магистерски труд на тема „Политичките и економски промени во Скопје и скопско низ архивската документација“.

„Слободен печат“ си нарача магистерска за 450 евра!

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот