АУДИО | Синовите на легендарните Пол Макартни и Џон Ленон објавија заедничка песна

Шон Оно Ленон и Џејмс Макартни / Фото: Instagram / jamesmccartneyofficial

Џејмс Макартни и Шон Оно Ленон – синовите на легендарните челнови на бендот „Битлси“, Сер Пол Макартни и Џон Ленон, објавија заедничка песна. Акустичната балада на младите музичари е со наслов „Primrose Hill“, пишува Би-би-си.

Промовирајќи ја песната со неговиот добар пријател, Макартни на социјалните мрежи напиша дека многу се возбудени поради неа. Тој откри и дека песната била инспирирана од визија што ја имал како дете еден летен ден во Шкотска.

Сер Пол Макартни ја понуди својата татковска поддршка за песната споделувајќи ја преку неговите канали на социјалните мрежи, а испрати и „многу љубов на Шон Оно Ленон кој ја напиша песната“.

Оно Ленон е помладиот син на покојниот Џон Ленон и уметникот Јоко Оно. Џејмс е син на Пол Макартни со неговата покојна прва сопруга Линда Макартни.

Соработката на двајцата е во низата бројни соло проекти со различен успех. Песната „Primrose Hill“ е втора песна на Макартни за оваа година по „Beautiful“ во февруари, негово прво издание од 2016 година.

Оно Ленон има низа соло плочи на неговото име, а настапува и со неколку алтернативни бендови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот