Фото: EPA-EFE/Mariscal

Атлетико не го продава Алварез за помалку од 150 милиони евра

Фудбалскиот клуб Барселона има намера сериозно да го засили составот ова лето, откако го договори трансферот на Ентони Гордон од Њукасл, Шпанците се во потрага и по напаѓач.

Договорот на Роберт Левандовски истече, а во последното коло тој емотивно се збогуваше со Барсеа, а штом заврши сезоната, клубот се зафати со барање негова замена.

Изборот падна на две имиња, Жоао Педро и Хулијан Алварез (26), иако Жоан Лапорта е многу поблиску до доведување на напаѓачот на Атлетико. Според шпанските медиуми, Барселона му понудила на Атлетико 70 милиони евра и Феран Торес, но таа понуда била одбиена.

Атлетико бара само 150 милиони евра во готово за Алварез, што е сериозна понуда за Барселона. Па така, вчера, на вечера во Барселона, Лапорта, заедно со спортскиот директор Деко, собрал силни европски агенти, вклучувајќи го и Енди Бара, за да се договорат за следните чекори.

Барселона наводно размислува да продаде неколку свои ѕвезди како што се Рафиња и Ерик Гарсија за да обезбеди средства за трансферот на Алварез. Доколку сè оди добро, се шпекулира дека договорот би можел да биде завршен пред Светското првенство, бидејќи Ханси Флик сака да ги заврши главните трансфери пред тој рок.

Алварез има договор со Атлетико до лето 2030 година. Неодамна му беше понуден нов, под подобри услови, но Аргентинецот ја одби понудата и е многу заинтересиран за трансфер во Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот