Ашковски: Со позитивна мисла и енергија да одиграме добар меч против Украина

фото: ФФМ

Македонската А фудбалска репрезентација денеска официјално ги започна подготовките за квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 против Украина (14 октомври, 15:00 часот) во Прага.

Повиканите фудбалери со исклучок на Ваљон Етеми и Елиф Елмас кој вечерва ќе пристигне во тимската база го одработија првиот тренинг на „Петар Милошевски“ во Скопје.

Помеѓу повиканите е и Стефан Ашковски, фудбалерот на Раднички Ниш, кој очекува еден одличен натпревар против Украина.

– Со позитивна мисла и добра енергија да одиграме еден добар меч за нас, што ќе ни даде еден додатен мотив за понатамошните натпревари. На дуелот со Украина да го пренесеме тоа што го имавме од последните два меча (против Италија и Малта) во кои дојдовме до позитивен резултат. Борбеноста, позитивната мисла, добрата мотивација од нас, за мене тие се важни фактори – вели Ашковски.

На 17 октомври нашите најдобри фудбалери ќе одиграат и пријателска средба во Струмица против Ерменија.

Чурлинов: Поминав низ тежок период, среќен сум што повторно можам да играм фудбал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот