АРТеФАКТИ | Како изгледаат антропоморфните модели на куќи?
Слободно можеме да кажеме бренд на македонската археологија, вели м-р Елена Стојанова Канзурова
Жена, мајка, дом… Еден од најпопуларните артефакти во нашата историја е надалеку прочуената фигурина Големата мајка. Но дали знаете кое е нејзиното значење и зошто е толку важна?
Препорачано
Во четвртата епизода на серијалот „АРТеФАКТИ“, Александра Вуксановиќ ви ја доближува приказната за социјалните односи во неолитските заедници, кога членовите на семејствата се подредувале според општите интереси за опстанок и благосостојба, во кои жената стекнала посебен општествен статус.
– Жената во новото камено време била моќна инспирација за неолитскиот вајар да го овековечи нејзиното тело и дух преку разни предмети изработени од глина, камен и коска, веројатно и од дрво. Археолошките предмeти со приказ на женско тело, се значајна категорија на наоди во неолитската култура на територијата на Македонија. Особено се издвојуваат познатите керамички скулптури со приказ на жена и куќа, познати како „Големата Мајка“ или антропоморфни модели на куќи. Слободно можеме да кажеме бренд на македонската археологија – вели м-р Елена Стојанова Канзурова, кустос советник во Археолошкиот музеј.
Гледајте „АРТеФАКТИ“ на јутјуб-каналот на „Слободен печат“.


