Арта Биљали Зендели - Фото Слободен печатѕ - Методи Здравев
Арта Биљали Зендели / Фото: Слободен печат / Методи Здравев

Арта Биљали – Зендели: Ифтарот значи да го подготвите телото во случај на природна катастрофа

Секој муслиман има пет задолжителни работи што треба да ги направи, меѓу нив е и рамазанскиот пост, вели за „Слободен печат“ Арта Биљали – Зендели, поранешна пратеничка, актуелна портпаролка на ДУИ.

Таа беше гостинка во емисијата „Мамавизија“ каде што покрај за мајчинството проговори и за други работи од приватниот живот.

– Нашето семејство го почитува и негува рамазанскиот пост, дури и децата од многу мали почнаа да постат. И покрај тоа што звучи дека е тешко, не е премногу тешко да се издржи без храна цел ден. Знаете, јас не сум некој гурман и мене не ми е тешко да не јадам, но сметам дека и секој човек треба да го сфати тоа, да не биде зависен од храната. Јас лично овие денови ги доживувам како детоксикација. Не треба да живееш за да јадеш, туку да јадеш за да живееш – вели Биљали – Зендели.

Муслиманскиот пост има поинакво значење од христијанскиот, вели нашата соговорничка, која ни објасни која е поентата на гладувањето во деновите пред Рамазан.

– Ифтарот има моќно значење, да се поистоветуваме со сиромашните, како им е кога немаат што да јадат, но исто така со ифтарот се подготвуваме за различни ситуации кога можеби ќе немаш, на пример, го подготвувате телото во случај на природна катастрофа. Оваа година поради тоа што не нè фаќа летното сметање на времето, имавме среќа и добивме еден час плус. Па така до 04:50 наутро можеме да јадеме. Потоа не јадеме и не пиеме вода се до 17:17 часот и бидејќи секој ден се зголемува денот, станува полесно. Ние на пример стануваме рано, околу 03:30, јадеме и пак легнуваме да поспиеме. Некој одбира да се најаде пред да легне околу полноќ – вели Биљали – Зендели.

 

Погледнете го целиот разговор со Арта Биљали – Зендели на јутјуб-каналот на „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот