Арсовски: За да се обвини некој за предавство, прво треба да се направи предавството

петар арсовски
Петар Арсовски, политички аналитичар / Фото: Слободен печат

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМЕ Христијан Мицкоски ги повикува граѓаните на протести и на блокади со неосновани тврдења дека владата ја прифатила бугарската декларација, оценуваат аналитичарите. Според политикологот Петар Арсовски за да се обвини некој за национално предавство, предавството прво треба да биде направено.

– Обидот сега е каков било договор на Заев со Бугарија да биде прогласен за предавство. ВМРО-ДПМНЕ гледа дека нешто се раздвижува во таа насока, па засега тоа им е единствена политичка тактика. Мицкоски со ваквото однесување сака да ги зацврсне своите позиции пред гласачкото тело кое е понационалистички определено. Тој има причина да го држи ВМРО-ДПМНЕ во висока туража, затоа што ако партијата не се занимава со Бугарија и со Заев тогаш неминовно ќе се занимава со начинот на кој тој ја води. Не знам дали му е паметна оваа политика во овој момент и дали повторно не прави погрешна проценка како што беше во случајот со Преспанскиот договор. Насоката и политиките на Македонија се кон евроинтеграциите, а ако продожи со ваков деструктивен начин може да ги загуби позициите кај европските соработници, да го намали коалицискиот капацитет на партијата итн – вели Арсовски за „Слободен печат“. 

И  самиот Мицкоски завчера рече дека една од варијантите за разврска на проблемот со Бугарија е владиниот претставник Владо Бучковски во Софија да постигне усмен, наместо писмен договор, за кој потоа нема да мора да се носи владина одлука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот