Арсовски: Балканот треба да покаже дека мирот и сестраната соработка и доборососедство немаат алтернатива
Балканот треба да покаже дека мирот и сестраната соработка и доборососедство немаат алтернатива, вели Љупчо Арсовски, дипломат од кариера и прв Амбасадор на Македонија во Грција.
Препорачано
– Идејата за Отворен Балкан е добар пример и можност но и потреба за поголема и посодржинска соработка меѓу земјите на Западен Балкан кои првично се изјаснија за потесна соработка, но иницијативата е отворена и реално и другите земји кои се засега воздржани ќе увидат дека е тоа е корисно и добро за сите. Ние на Балканот треба да покажеме дека мирот и сестраната соработка и доборососедство немаат алтернатива или другата алтернатива е онаа што ја гледаме сега на ТВ и други медиуми од воените судири особено низ украинските градови. Руско-украинската војна да се надеваме нема да биде на долг рок, но секако треба да се има предвид дека преку соработката нема да има можност одрдени фирми кои соработувааат со руски партнери да ја продолжат соработката заради одлуката на нивните земји да ги почитуваат зедничките одлуки околу разни видови санкции, изјави Арсовски за „Слободен печат“.


