Арон Картер е убиен, тврдат неговите пријатели

Фото: Инстаграм/Wikimedia Commons

Откако мајката на починатиот Арон Картер, Џејн Шнек изјави дека се сомнева дека син ѝ е убиен, објавувајќи фотографии од местото на кое е пронајдено телото на пејачот, неговите блиски пријатели изјавија дека смртта на Арон треба да се истражи дополнително, и тоа како потенцијално убиство.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aaron Carter (@aaroncarter)

„Тој секогаш беше параноичен дека луѓето го следат и дека некој постојано го прогонува“, изјавил Брајан Кесиди, близок пријател на Арон во последните три години од неговиот живот, пишува „Пејџ сикс“.

Тој истакнал дека не сака да го вперува прстот, но мисли дека некои работи не се поклопуваат.

Морган Метјус, кој му бил менаџер на пејачот, изјавил дека Картер бил во близина на „погрешни луѓе“ и дека често бил параноичен, додека работеле заедно. Тој тврди дека самиот Картер му зборувал дека некои луѓе го следат и дека мора да си замине од градот, затоа и ја продавал својата куќа.

Неговата мајка сѐ уште се обидува да покрене вистинска истрага.

Таа во објава на Фејсбук на 1 март напиша дека „сѐ уште се обидува да добие соодветна истрага“ за смртта на нејзиниот син. Таа тврди дека судскиот совет го отпишал „како случајно предозирање“ поради минатите борби на Картер со зависноста.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aaron Carter (@aaroncarter)


Арон Картер беше пронајден мртов во својот дом во Калифорнија, во ноември 2022 година.

СЕ СКАРАА БРАЌАТА: Ник Картер бара забрана за приближување за Арон

Животот на Арон Картер: Имал 6 дијагнози, сакал да ја убие бремената снаа, сестра му го силувала

Познатиот пејач го претепала девојката, полицијата реагирала веднаш – „Ме давеше, се гушев!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот