Аргентинскиот џез-гитарист Лучано Понѕано ќе настапи во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје

Плакат за концертот на Лучано Понѕано во „Буква“

Концертот на аргентинскиот џез-гитарист Лучано Понѕано ќе се одржи на 18 јануари во „Буква“, а тоа ќе биде негов соло-настап пред да започне турнеја низ Германија и Швајцарија со неговиот бенд „The Hawks Triad“.

На концертот Лучано ќе свири своја оригинална необјавена музика и избор на песни од двата албума на бендот.

Лучано е роден во Кордоба, Аргентина. Студирал музичка композиција на Националниот универзитет во Виља Марија и работел како професор по музика, гитарист и пијанист во различни институции и групи додека не се преселил во Европа во 2018 година.

Оттогаш, тој свири во различни групи низ цела Европа додека не го формира бендот „The Hawks Triad“ заедно со швајцарските колеги Адријан Бокли и Грегори Шерер во 2021 година.

Бендот самостојно го издава албумот „Dorcol Tapes“ во 2022 година и го објавува „Carnivale“ во август 2023 година преку меѓународно признатата швајцарска издавачка куќа „Unit“. Албумот претставува промена во насоката на бендот кој се стреми кон потопол звук повеќе инспириран од американа, рутс-музика и џез. Бендот го очекува турнејата зима/есен во 2024 година низ Германија и Швајцарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот