Аргентина шокирана од Австралија, дербито за Бразил

EPA-EFE/KIYOSHI OTA

Денеска во Токио започнаа натпреварите и на машкиот фудбалски турнир и веднаш на првиот ден се случија две изненадувања.
Олимписката репрезентација на Аргентина е поразена со 0:2 од Австралија. Изненадувањето го најави Велс со голот во 14. минута, а дополнителни проблеми за „гаучосите“ создаде црвениот картон на Ортега во последните моменти од првото полувреме. Предноста од играч повеќе на теренот, Австралија ја искористи во финишот од средбата кога Тилио во 80. минута го постави конечниот резултат.

Претходно изненадување приреди и Мексико кој со убедливи 4:1 славеше над олимписката репрезентација на Франција во рамки на групата А.
Сите пет голови беа постигнати во второто полувреме, Вега и Кордова стрелаа во 47. и 55. минута за Мексико. Французите преку Жињак од пенал намалија на 2:1 но во финишот доминантната игра на Мексиканците резултира со уште два гола, на Антуне и Агире за убедлив триумф од 4:1.
Разочарувачки старт на фудбалскиот турнир имаше селекцијата на Шпанија која одигра 0:0 против Египет во рамки на групата Ц. „Фуријата“ доинираше на теренот, имаше дури 10 шутеви во рамките на голот, но мрежата на Ел Шенави на крајот остана незатресена.

Во дербито на првото коло, Бразил со 4:2 ја совлада Германија, а сите дилеми околу победникот беа решени во првото полувреме. „Кариоките“ благодарение на хет-трикот на Ришарлисон поведоа со 3:0,  Германците се заканија во второто полувреме преку Амири и Аче, но победата на Бразил ја потврди Паулињо со голот во 94. минута.

Резултати:
Група А
Мексико – Франција 4:1
Јапонија – Јужна Африка 1:0

Група В
Романија – Хондурас 1:0
Нов Зеланд – Јужна Кореја 1:0

Група Ц
Австралија – Аргентина 2:0
Шпанија – Аргентина 1:0

Група Д
Брег на Слонова Коска – Саудиска Арабија 2:1
Бразил – Германија 4:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот