„АРЕНА СПОРТ“ каналите отсега достапни и за корисниците на „НЕОТЕЛ“

Арена Спорт лого

Од денеска, на големо задоволство на љубителите на спортски содржини, НЕОТЕЛ, покрај каналите Спорт Клуб и Eurosport, во рамките на својата понуда го вклучи и дополнителниот пакет Арена Спорт со 5 канали во кристално чиста HD слика.

Со активирање на дополнителниот пакет сите постојни и нови корисници ќе може да го следат бесплатно до крајот на месецот. По бесплатниот период, сите оние што го активирале пакетот ќе може да го следат по промотивна цена од 120 денари месечно. Во рамките на пакетот корисниците ќе можат да ги следат натпреварите од УЕФА Лига на шампиони, УЕФА Лига Европа, националните првенства на Франција, Португалија, италијанското Калчо, кошаркарските натпревари од НБА-лигата, како и бројни други спортски содржини.

Благодарејќи на напредната интерактивна телевизија neoTV, корисниците можат да ги користат сите бенефити како снимање, паузирање и премотување на најдобрите моменти. Покрај можноста за следење на сите спортски настани на neoTV, корисниците можат да ги следат содржините и на своите смарт-уреди (таблет или смартфон) без дополнителна претплата.

Повеќе детали проверете на neotel.mk


Комерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот