Ардерн: Нов Зеланд набави доволно вакцини од „Фајзер” за целата популација

epaselect epa08752119 New Zealand Prime Minister Jacinda Ardern speaks at the New Zealand Labour party election night event in Auckland, New Zealand, 17 October 2020. Jacinda Ardern has won a second term in New Zealand's general election. EPA-EFE/DAVID ROWLAND AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Нов Зеланд набави доволно количество од вакцината против Ковид-19, заеднички изработена од „Фајзер” и „БиоНТек”, за да се вакцинира целото население, изјави денеска премиерката Џacинда Ардерн, јави ДПА.

-Среќна сум што денеска можам да објавам дека потпишавме договор за купување на дополнителни 8,5 милиони дози од вакцината на „Фајзер”. Дополнителните дози ќе бидат доволни за вакцинирање на 4,25 милиони луѓе, рече таа на прес-конференција.

Дополнителните дози од почетната нарачка за купување значат дека владата „ќе купи доволно дози за сите во Нов Зеланд да бидат целосно вакцинирани со вакцината на „Фајзер”, додаде премиерката Ардерн.

Нов Зеланд вакцинацијата ја почна минатиот месец со вакцините на „Фајзер” и „БиоНТек”, што прво им беа дадени на здравствените работници. Се очекува до крајот на годината да бидат потребни околу пет милиони дози вакцини за сите во земјата да бидат целосно вакцинирани.

Министерството за здравство со компанијата „Фајзер” работи врз распоредот за испораки и имунизацијата да се забрза до средината на годината, рече Ардерн.

Таа додаде одлуката земјата да се потпре само на вакцината на „Фајзер” се должи на високата стапка на нејзина ефикасност и дека фактот што се има само една формула „ќе го поедностави вакцинирањето”.

Нов Зеланд досега имаше подобра здравствена слика за пандемијата во споредба со повеќето земји, благодарение на строгите затворања на границите и силното следење на контактите.

Земјата досега пријави малку повеќе од 2.000 случаи на ковид-19 и вкупно 26 смртни случаи, пренесе ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот