Арбелоа: Перез е во право, украдени ни се најмалку седум титули во Шпанија
По изјавите на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, со сличен став денеска излезе и актуелниот тренер на „кралевите“, Алваро Арбелоа, кој јавно порача дека Реал во изминатите две децении бил сериозно оштетен во борбата за титулите во Ла Лига.
Препорачано
Арбелоа на прес-конференција истакна дека според него судиите поврзани со случајот „Негреира“ му одзеле најмалку седум шампионски титули на Реал Мадрид.
„Како што кажа и нашиот претседател Флорентино Перез, во последните 20 години ни се украдени најмалку седум титули во Ла Лига од судиите поврзани со Негреира. Сите знаеме што се случуваше во тој период и за кого работеше Негреира“, изјави Арбелоа.
Поранешниот дефанзивец додаде дека е изненаден што, како што вели, само Реал Мадрид отворено се бори за „правда во шпанскиот фудбал“.
„Шокантно е што само Реал Мадрид толку силно се бори за правда. Изгледа сме единствениот клуб на кој навистина му е важно тоа. На останатите очигледно им е нормално што Барселона ги поткупувала судиите и влијаела врз натпреварувањето“, порача Арбелоа.
Во последните денови во шпанската јавност повторно се актуелизираше случајот „Негреира“, поврзан со наводни исплати од Барселона кон поранешниот потпретседател на судиската комисија Хозе Марија Енрикез Негреира.
Флорентино Перез: Нема да поднесам оставка, создадена е апсурдна ситуација против Реал Мадрид
Реал Мадрид може да добие целосно нов лик — само седуммина играчи се сигурни


