Реал Мадрид/Real Madrid C.F

Реал Мадрид може да добие целосно нов лик — само седуммина играчи се сигурни

Реал Мадрид се подготвува за големи промени по сезоната која е едно големо разочарување за шпанскиот гигант бидејќи не освоија ниту еден трофеј.

„Кралевите“ останаа без посакуваните резултати во сите натпреварувања и не успеаја да ги оправдаат амбициите, а во клуб со реноме какво што има Реал, ваквите неуспеси ретко поминуваат без сериозни последици.

Првиот човек на клубот, Флорентино Перез, веќе започнал со подготовка на голема реконструкција, а според најавите приоритет било решавањето на тренерското прашање.

Како главен кандидат за клупата се споменува Жозе Мурињо, кој би можел да се врати на „Сантијаго Бернабеу“ по пауза од 13 години. Во Мадрид веруваат дека искусниот Португалец е вистинскиот човек за повторно да воведе дисциплина, стабилност и победнички менталитет.

Покрај тренерската смена, најавени се и големи промени во играчкиот кадар. Според информациите од Шпанија, само седум фудбалери имаат сигурен статус во тимот и се сметаат за недопирливи. Тоа се Тибо Куртоа, Андриј Лунин, Џуд Белингем, Федерико Валверде, Арда Ѓулер, Килијан Мбапе и Ендрик.

За сите останати играчи постои можност да бидат продадени или да го напуштат клубот по истекот на договорите.

Меѓу фудбалерите чија иднина е неизвесна е и Винисиус Жуниор. Иако Реал сака да го задржи, засега нема договор околу условите за продолжување на соработката, а актуелниот договор на Бразилецот истекува следното лето.

ВИДЕО | Погледнете ја реакцијата на Луис Енрике кога му го кажаа резултатот од „Ел Класико“

ВИДЕО | Барселона е шампион на Шпанија, Рашфорд и Торес го урнаа Реал за делириум на „Камп Ноу“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот